Фиорентина триумфираше со 1-0 на дуелот со Лацио, последен натпревар од 32. коло во Серија А со што „виолетовите“ ја запреа серијата на римскиот клуб од четири натпревари без пораз. Воедно, со денешните три бода Фиорентина дополнително се одлепи од екипите кои се во трката за опстанок, бегајќи од опасната зона во која беа заковани до пред неколку месеци.
Како клучен вечерва се покажа погодокот на Госенс, откако офанзивниот бек одлично се снајде во првото полувреме, со прецизен удар со глава матирајќи го гостинскиот голман.
„Лацијалите“ се обидоа да стигнат до израмнување, но реакцијата од ВАР-собата одлучи гостите да не добијат пенал во второто полувреме, па на радост на домашните фанови резултатот во Фиренца остана непроменет, а „виолетовите“ сега се пет меча без пораз во Калчо-лигата (три победи и две реми).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

