Фиорентина испушти во последен час триумф против Фросиноне… (ВИДЕО)

Фиорентина не успеа да дојде до петтата победа во Серија А сезонава, играјќи само 1-1 на гостувањето против Фросиноне во првиот натпревар од 12. коло.

„Виолетовите“ испуштија победа во 90. минута од средбата дозволувајќи домашните да израмнат со голот на Пинамонти. Претходно, Фиорентина дојде до водство со голот на Марко Бенаси во 47. минута од средбата…

Со ова реми Фиорентина стигна до седмата позиција на табелата сега со 17 бода. За Фросиноне, пак, ова е седмиот освоен бод сезонава.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...