Фиорентина ја нокаутираше „римската волчица“

Рома си ја искомпликува судбината во битката за место во ЛШ откако „волчицата“ вечерва загуби три значајни бода со поразот на домашен терен од Фиорентина со 0-2.

Избраниците на Де Франческо потфрлија во првото полувреме, кога беа далеку под посакуваното ниво, а Фиорентина го искористи тоа и со головите на Бенаси и на Симеоне стигна до предност. Римјаните во вториот дел тргнаа во целосна офанзива, Шик влезе во игра веќе во 46. минута, но и покрај доминацијата и двете погодени греди домашните фудбалери не успеаја да постигнат погодок, оставајќи му можност на Лацио со триумф на утрешниот меч да ги стигне на табелата.

За Фиорентина ова е шеста победа во низа, со што сега „виолетовите“ имаат 50 бода, еден помалку од Милан во битката за место што води во Лигата на Европа.

Се вчитува...