Фиорентина ќе го именува тренинг центарот во чест на починатиот Астори

Во просториите на италијанскиот прволигаш Фиорентина, се уште не можат да го преболат Давиде Астори, нивниот капитен кој пред десетина дена почина од срцев удар. Пред неколку дена за последен пат му оддадоа почит на неговиот погреб – клубот, Фиренца, Италија, па и цел свет го испратија Астори во легендите.

Фиорентина го повлече дресот со неговиот број 13, засекогаш ќе биде негов, но по вчерашниот натпревар против Торино, клубот реши да направи уште еден гест. Претседателот на Фиорентина, Марио Koњињи изјави дека тренинг центарот на клубот ќе биде преименуван во „Давиде Астори“, во чест на капитенот.

„Тренинг центарот нема повеќе да се вика „Кампини“, ќе го преименуваме во „Давиде Астори“, во негова чест. Сметам дека тоа е една од работите која можеме да ја направиме за Астори никогаш да не биде заборавен. Сакаме да му го посветиме центарот бидејќи тоа беше негов дом. Давиде поминуваше дел од своето слободно време тука, доаѓаше и со своето семејство“, истакна претседателот Коњињи.

 

 

Се вчитува...