Фиорентина ќе го смени тренерот по завршувањето на сезоната

Уште еден од клуб од ТОП 5 првенствата во Европа останува без тренер. Станува збор за тимот на Фиорентина, кој ќе остане без Винченцо Италијано по завршувањето на сезоната. Двете страни се договориле да ја прекинат соработката од идната сезона.

Менаџерот веќе ги известил првите луѓе на „виолетовите“, кои веднаш тргнале во потрага по нов предводник.

Италијано дојде во Фиорентина во мај 2021 година, а претходно ги водеше Специја, Трапани, Венеција. Не е познато која ќе биде следната дестинација на тренерот, како и тоа кој ќе го замени. Едно од имињата кои се споменуваат е Маурицио Сари, за кого, пак, се зборува дека би можел да направи „кам-бек“ во Наполи, доколку Де Лаурентис не го договори Антонио Конте.

Фиорентина е пред пласман во финалето на Купот, откако во првиот меч во полуфиналето ја совлада Аталанта со 1-0.

Се вчитува...