Фудбалерите на Фиорентина го одиграа својот најтежок натпревар, прв по смртта на капитенот Давиде Астори, и го совладаа Беневенто на „Артемио Франки“ со 1-0. Судбината посака стрелец да биде Бразилецот Витор Уго, кој го замени Астори во стартниот состав на Фиорентина.
Во 25.минута, тој со удар со глава по корнерот од десната страна, ја закова топката во мрежата на гостите. Немаше преголема радост, но стрелецот Виктор Уго на феноменален начин го прослави погодокот. Тој дојде до клупата на Фиорентина и салутираше кон ликот на капитенот Давиде Астори, прикажан на една маица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА