Фиорентина понуди 11 милиони евра за Елмас, Фенер вели „малку е“

Се разгорува трката за Елиф Елмас, откако раководството на Фиорентина реши уште пред завршувањето на сезонава да испрати официјална понуда за ангажман на македонскиот репрезентативец од таборот на Фенербахче. Турските медиуми обелоденија дека Фенер добил понуда од Фиренца во висина од 11 милиони евра, по што веднаш следел и негативен одговор од „сино-жолтите“ од Истанбул.

Одличните настапи на Елмас во изминатиот месец придонесоа да скокне и цената на македонскиот „дијамант“, па Фенербахче веќе не се задоволува со 15 милиони евра, туку бара пет милиони повеќе. Тоа била и пораката до Фиорентина – цената на Елмас е 20 милиони евра, па јасно е дека „виолетовите“ ќе мора да платат речиси двојно повисока сума од првата понуда ако сакаат да го доведат Елиф на „Артемио Франки“.

За очекување е наддавањето за македонскиот репрезентативец да продолжи и во следните триесетина дена, со оглед на фактот дека интерес за овој фудбалер покажуваат и Атлетико Мадрид, Тотенхем, Интер, Лион и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...