Фиорентина се вклучи во трката за Франк Рибери

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина покажува интерес за ангажман на ветеранот Франк Рибери. Тој ова лето го напушти Баерн Минхен откако му истече договорот, а се уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Ги одби понудите од ПСВ Ајндховен, Ајнтрахт Франкфурт, не сака да замине ниту во МЛС – лигата во САД или во Кина, а води преговори со руски клубови. Сепак, новото раководство на Фиорентина смета дека тој би можел да биде одлично засилување за тимот иако има 36 години.

Рибери во текот на кариерата во Минхен одигра 425 натпревари и оствари учинок од 124 гола и 182 асистенции.

Се вчитува...