Фиорентина спаси бод против Милан

Фиорентина со играч помалку успеа да стигне до бод против Милан играјќи 1-1 на „Артемио Франки“. Анте Ребиќ во 56.минута ги доведе „росонерите“ во водство во 56.минута, а шест минути подоцна и Фиорентина остана без Далбер кој беше исклучен. Но, сепак, Фиорентина успеа да израмни и со десетмина.

Во 85.минута беше досуден пенал за домашниот тим, а успешен реализатор беше Ерик Пулгар.

Се вчитува...