Фиорентина тргнува по Илија Несторовски

Најдобрите фудбалери ќе го напуштат Палермо во текот на летото откако сицлијанскиот клуб беше исфрлен во „Серија Ц“ поради финансиски малверзации, а еден од најпосакуваните играчи на оваа екипа дефинитивно е Илија Несторовски. За услугите на Македонецот во изминатиот период се интересираа Џенова, Удинезе и Болоња, но по последниот развој на настаните сега лидер во трката за Нестор-гол е Фиорентина.

Клубот од Фиренца планира да го искористи распадот на Палермо за да го доведе Несторовски по намалена цена, не повисока од 2,5 милиони евра. Директорот Корвино подолго време го следи македонскиот ас, а сега кога тој е достапен за намалена цена „виолетовите“ сакаат што поскоро да го договорат овој трансфер. Фиорентина ќе испрати понуда во следните неколку дена, се со цел трансферот да се комплетира уште во текот на оваа сезона, за да се победи конкуренцијата со оглед на најаите дека уште неколку клубови ќе се обидат да го доведат Македонецот во своите редови.

Несторовски во Фиренца би го наследил Џовани Симеоне, кој воопшто не ги оправда очекувањата на „виолетовите“ и летово ќе си замине од „Артемио Франки“.

Се вчитува...