Фиорентина влезе во трката за Елмас!

Елиф Елмас е чекор поблиску до заминување од Фенербахче откако уште еден клуб покажа сериозен интерес за неговите услуги. Станува збор за калчолигашот Фиорентина, чии скаути ги следеле и настапите на Елмас за македонската репрезентација, по што е донесена одлука да биде испратена и официјална понуда во висина од 15 милиони евра.

Интересот на Фиорентина за „македонскиот дијамант“ го потврдува и тиражниот весник „Хуријет“, според кој раководството на Фенербахче не ја одбило понудата, туку се договорило со „виолетовите“ од Фиренца да се седне на конкретни разговори на крајот од сезонава. Фенербахче претходно одби неколку понуди за Елмас, последната од премиерлигашот Кардиф, но голема е веројатноста дека македонскиот репрезентативец летово ќе си замине од Истанбул.

Впрочем, Фенер на неговата позиција во тимот го донесе Словенецот Зајц, од претходно го има и Жаилсон, Топал, Арслан и Екичи, така што доколку добие интересна понуда турскиот гигант сигурно сериозно ќе размисли за да дозволи заминување на Елмас. Само за потсетување, интерес за македонскиот ас во изминатиот период покажаа и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Лион, Лестер, Лацио…

Се вчитува...