Фиренца на нозе – пристигна Франк Рибери

Франк Рибери ги крена на нозе навивачите на Фиорентина откако францускиот ас утрово пристигна во Фиренца, на лекарски прегледи и потпис со „виолетовите“.

Асот на Баерн Минхен имаше бројни понуди на маса, но се реши пред крајот на кариерата да се испроба и во Калчо-лигата, прифаќајќи ја понудата на Фиорентина. Тој ќе потпише двогодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Винченцо Монтела.

Фиорентина имаше разочарувачка ланска сезона и до последното коло стравуваше за опстанок, но „виолетовите“ со ангажманот на неколку квалитетни засилувања најавуваат далеку подобри резултати во новиот шампионат што стартува претстојниот викенд.

Се вчитува...