Спектакл во Лас Вегас – Фјури и Вајлдер по третпат во рингот

Ривалството меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер добива трето продолжение. Иако се најавуваше и за претходно, третата борба меѓу британскиот и американскиот боксер треба да биде на 19. декември во Лас Вегас.

Борбата ќе се одржи на новиот НФЛ стадион во Лас Вегас кој е со капацитет од 65.000 седишта. Организаторите веруваат дека, и покрај пандемината на коронавирусот, на стадионот ќе може да се сместат до 15.000 љубители на боксот.

„Работиме на сите фронтови, со безбедноста, вирусот и се останато. Оптимисти сме дека ќе организираме врвен настан“ – вели промоторот Боб Арум.

Организаторите мора да добијат и согласност од државните и локалните власти, што е клучен фактор за организација на борбата. Во моментов ВБЦ шампион е Фјури откако во февруари оваа година го победи Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.

Се вчитува...