Фјури и Вајлдер во ринг на 19. декември

Тајсон Фјури и Дионте Вајлдер својата трета борба ќе ја имаат на 19. декември, но локацијата се уште не е позната.  Третата борба дефинитивно ќе се одржи на 19. декември, но се уште се бара локација.

„Барама локација ширум светот. Најважно е за овој настан да го најдеме најдоброто место во светот. Кога ќе ги разгледаме сите опции, ќе го скратиме списокот и ќе видиме каде ќе не одведе тоа. Во овој момент имаме многу понуди и не отфрливме ниту една. Сега сме фокусирани на 19. декември и се надеваме дека до тогаш ситуацијата ќе се нормализира и дека ќе може да се дозволи присуство на одреден број навивачи“, изјави извршниот директор на компанијата која е промотер на настанот, Бред Џејкобс.

Првиот меч меѓу двајцата боксери во тешка категорија е завршен нерешено, додека во вториот Фјури со технички нокаут го совлада Вајлдер.

Се вчитува...