Фјури: Ниту Тајсон, ниту Али, ниту Роки… Јас сум најдобриот боксер во историјата

Тајсон Фјури смета дека е најдобар боксер во историјата и дека дури би немал проблем да го добие и Мајк Тајсон во најдобриот период од кариерата. Фјури следната година ќе се сретне со Ентони Џошуа во меч во кој ќе се дознае новиот апсолутен владетел во тешка категорија.

„Не е важно кој. Тајсон од осумдесетите, или Мохамед Али Џо Луис, Ленокс Луис, Џорџ Форман, Роки Марчано и сите други легенди можам секого да победам. Јас сум многу голем, многу добар, едноставно сум најдобар на сите времиња. Не само во тешка категорија, во било која јас сум најголемиот боксер во историјата“, изјави Фјури. 

Тајсон се наоѓа во одлична форма во својата 53 година и се очекува да се врати во рингот во егзибициска борба. Сепак, по мечот на Фјури со Џошуа се шпекулира дека може да биде организиран спектакл во кој ќе се соочат Фјури и Тајсон.

Се вчитува...