Фјури останува во пензија: Немам кому да се докажувам

Тајсон Фјури нема намера да се врати назад на боксот, демантирајќи ги гласините дека „кралот на циганите“ сериозно размислува за камбек во рингот.

Фјури се повлече во јануари годинава, по поразот на реваншот со Олександар Усик во борбата што се одржа во Саудиска Арабија. Дел од медиумите најавуваа дека Британецот би сакал и трета борба со Усик, но тој јасно стави до знаење дека не размислува во тој правец.

„Зошто би се вратил? За уште шампионски појаси? Па јас веќе ги имам 22. Ме прегазија, ме искористија и секоја чест на нив. Но среќен сум, задоволен од она што го постигнав… Велите да се вратам, но ако го сторам тоа само ќе добијам нови удари в лице. Понекогаш се прашувам, има ли зошто да се вратам? Немам што да докажам, немам кому да се докажувам… затоа и нема ништо од мој камбек во рингот, без разлика колку се пишува на таа тема“, дециден е Фјури.

Се вчитува...