Фјури: Поради моето потекло и јас сум жртва на расизам, не само црнците…

Светот и понатаму е шокиран од убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис. Светскиот шампион во бокс во тешка категорија по ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури изјави дека исто така е жртва на расизам поради своето потекло.

„Јас сум бел маж, но и денеска во 2020 година сум жртва на расизам бидејќи сум ‘Бел-Ром’. И ден-денеска на влезовите од пабовите и рестораните може да се најде натпис на кој пишува „забранет влез за патувачи – Роми“. Се уште е прифатливо да се биде расист кон Ромите во Велика Британија, тоа е вистина. Не се само афроамериканците жртви на расизмот. Секој може да биде расист без разлика на бојата на кожата“, изјави Фјури. 

Тој исто така изјави дека една од најлошите случки во неговиот живот се случила 2016 година кога го совладал Владимир Кличко и станал нов шампион во тешка категорија, но во еден ресторан не сакале да го примат бидејќи е Ром.

Се вчитува...