Фјури со брутални навреди кон Вајлдер: Бегаш п…..!

Борбата за ВБЦ светската титула во тешка категорија меѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури е официјално закажана за 22. февруари.

Вајлдер по вторат против „кралот на циганите“ ќе го брани појасот. Фјури се одлучи уште од сега да ја почне пресметката. Откако Американецот не се појави на закажаните медиумски активности, Фјури брутално го навреди противникот.

„Ова е порака за п……а Деонтај Валјдер кој не се појави. Тврди дека има грип, но тоа е затоа што не сака да биде во иста соба со мене. Неговата екипа се плаши да го стави во иста соба со мене. Тоа е факт. Деонтај, па каква п…а си станал ти? Не смееш да дојдеш пред мене затоа што знаеш дека ќе те научам на памет“ – истакна Фјури на прес-конференцијата како најава за борбата со Вајлдер.

Се вчитува...