Непоседувањето на Про-лиценца е причината поради која Раде Цицмиловиќ нема да ја води екипата на Беласица во Првата лига. Овој стратег си поднесе оставка на петнаесетина дена пред стартот на сезоната, а управата струмичкиот клуб објасни дека не станува збор за конфликт или незадоволство.
„Човекот кој е еден од најзаслужните за влегувањето на ФК Беласица од Трета МФЛ во Втора МФЛ и од Втора МФЛ во Прва МФЛ завчера си поднесе самоиницијативно оставка. Причината за оставката на Раде Цицмиловиќ е непоседувањето на ПРО Уефа Диплома, која е неопходна за да остане на кормилото на ФК Беласица. Управниот одбор на ФК Беласица му заблагодарува за досегашните резултати, и за напредокот во клубот кој го имаше во изминатите две години, и му посакува многу успех и среќа во иднина“ – се вели во краткото соопштение на струмичкиот прволигаш.
Цицмиловиќ се заблагодари на беспрекорната соработка, откривајќи дека му била понудена и друга функција во клубот.
„Голема благодарност до ФК Беласица и претседателот Славчо Васков – Пинда, за укажаната доверба во изминативе две сезони во кои го направивме еден од најголемите успеси во последните 14 години. Јас лично си поднесов оставка поради не поседување на УЕФА Про Лиценца, која е задолжителна за водење на екипата во Прва МФЛ. Благодарност до претседателот кој ми понуди друга функција за да останам во клубот, но ќе ми треба малку одмор па ќе донесам конечна одлука во иднина. ФК Беласица ќе остане засекогаш во моето срце, и од се срце ќе давам поддршка на секој натпревар“ – истакна Цицмиловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА