ФК Лудогорец: Ангеловски не е во нашите планови за нов тренер

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски не е во плановите за нов тренер и на раководството на бугарскиот Лудогорец.

Бугарските медиуми пренесуваат информации од клубот кој потврдува дека им бил понуден Ангеловски но од Лудогорец посочуваат дека „во моментов не е интересен како тренерска опција за клубот“.

Ангеловски откако во јуни ја напушти селекторската функција, во неколку месеци од страна на медиуми се спомнуваше како опција за тренер на Џенова, Фенербахче, Хајдук Сплит, Легија и сега Лудогорец, но сите клубот потоа негираа дека има можност за негов ангажман, одлучувајќи се за други решенија.

Се вчитува...