ФК Работнички: Почивај во мир, Влатко Илиевски

Познатиот музичар Влатко Илиевски, кој денеска беше пронајден мртов, беше верен фан на фудбалскиот клуб Работнички. По трагичната вест за неговата смрт, ФК Работнички се огласи со последен поздрав за пејачот чие дело е и клупската химна на „романтичарите“:

„ФК Работнички изразува искрено жалење за прерано згаснатиот живот на нашиот верен фан и голем пријател на клубот, Влатко Илиевски. Тој секогаш ќе остане еден од нас, а навивачката клупска химна која е негово дело, ќе не потсетува на прекрасниот глас на Влатко.

ФК Работнички искажува сочувство до семејството, најблиските роднини и пријатели и сочувстува со загубата, затоа што Влатко Илиевски беше „романтичар“ во душа.

Почивај во мир, Влатко Илиевски“

Се вчитува...