ФК Шкендија: Скандалозно судење и срамно однесување на домаќинот на мечот во Чаир!

Од ФК Шкендија со официјално соопштение реагираат на сите случувања на вчерашниот натпревар на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија во рамките на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот заврши без победник, 1-1, но од Шкендија нагласуваат дека бил испратен со скандалозно судење и срамна организација и однесување од страна на домаќините.

РЕАКЦИЈАТА ОД ФК ШКЕНДИЈА ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

ФК Шкендија смета за должност да ја извести целокупната јавност дека денеска на Чаир се играше се, само фудбал не.

Дека нема да се игра фудбал во Чаир беше јасно од понеделник кога како главен судија беше делегиран Дејан Јакимовски. Делегирањето на овој судија за овој натпревар испадна онака како што ние очекувавме, како добро организиран од разни кујни од повисоки нивоа, кои што се чини дека одлучиле и оваа година да ја оштетат Шкендија. ФК Шкендија веднаш по објавата на делегирањето на овој судија, во понеделник, достави барање до ФФМ истиот судија да се изземе како главен судија и на негово место да се делегира судија кој што е професионално докажан. Но ФФМ не само што не го одобри нашето барање, туку не даде ниеден службен одговор.

Дејан Јакимовски историски ја оштетил нашата екипа при делењето на правдата. ФК Шкендија последните години неколку пати барал горенаведениот да не се делегира на натпреварите на Шкендија поради неговиот субјективен пристап против Шкендија. Но за жал федерацијата наместо да ги земе в предвид овие поранешни искуства на штета на нашиот клуб, го делегираше Јакимовски на најважниот натпревар од сезоната.

Во текот на целиот натпревар, Јакимовски ја делеше правдата на селективен начин, судејќи непостоечки фаули, со јасна тенденција да влијае на крајниот епилог на натпреварот.

Ова не е првпат што во оваа сезона сме оштетени од страна на судиите, но политика на Шкендија никогаш не била да се занимава со реакции од овој вид, напротив секогаш сме биле концентрирани во изградбата на спортски капацитети и во изградба на нова екипа која ќе постигне резултати на европските натпреварувања.

ФК Шкендија исто така е разочарана од организаторот на овој натпревар, односно ФК Шкупи. Во текот на сите 90 минути се фрлени повеќе од сто шишиња и други тврди предмети кон нашите фудбалери и кон персоналот на клубот, при што во повеќе наврати настрадаа нашите играчи. Сцените кои што ги доживеевме денес како клуб не претставуваат спортски или други вредности, кои што сите ние како клубови ги промовираме и треба да ги негуваме, срамерно целите кои ги имаме.

Во неколку наврати после водството на Шкендија, домашната публика влегуваше на терен, а од трибините на ниту еден момент не изостана фрлањето на тврдите предмети и навредите. Иако сето ова се случуваше пред очите на судијата, тој дозволуваше играта да продолжи.

Иако од ФК Шкупи пред неколку дена изјавија дека е „добродојдена„ тетовската публика на овој натпревар на еден „европски стадион„, тоа што го видовме денеска докажува дека немаше минимални услови за безбедноста на играчите, персоналот и челниците на Шкендија, а камоли услови за тетовската публика, за што организаторот треба предвремено да гарантира безбедност од највисок ранг што спречува разни можни инциденти, земајќи ги в предвид и тие кои што можат да сносат фатални последици!

Нашите браќа од Скопје, со нивното недолично однесување, со навредите и пцовките не направиле ниту малку чест на двете знамиња кои изгледаа многу убаво на трибината на нивните навивачи, нивните постапки воопшто не се совпаѓаат со пораката што ја прави ова знаме!

Бараме ова да биде последен пат што гледаме вакви сцени на стадионите, и апелираме ФФМ да ги казни сите срамни дејствија на фудбалските терени, додека на важните натпревари како што беше овој денешниот, да се грижат делегирањето на судиите и организацијата на натпреварите да бидат на ниво што гарантира адекватни услови и натпреварувачки аспект на фудбалската игра. Додека во случаи на прекршоци да се превземат адекватни казниви мерки.

Се вчитува...