По информациите од Турција за осудата на Умит Каран за сексуално злоставување од 2016 година, преку официјално соопштение се огласи и чаирскиот прволигаш Шкупи во кое се вели дека Каран останува тренер на клубот до конечното завршување на комплетната судска постапка.
„Околу пишувањата на одредени домашни и странски медиуми, како клуб се уште немаме официјална информација за пресудата за нашиот тренер. Знаеме дека за нашиот тренер Умит Каран од претходно е покрената постапка од судот во Турција, но може да потврдиме дека тој ќе остане прв тренер на клубот се до донесувањето на конечната пресуда“ – се вели во соопштението од ФК Шкупи.
А, ако се знае дека комплетирањето на судската постапка, со сите жалби, може да трае уште најмалку еден месец, за очекување е Каран ќе остане во Шкупи до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА