ФК Шкупи: Некој има нешто против нас, ние сме осамени на нашиот пат

Шкупи загуби значајни бодови во битката за титулата во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига по поразот од 2-0 на гостувањето во Гостивар.

Чаирчани имаа можност и за поповолен резултат, но останаа покуси за позитивен исход и по поништениот погодок за нив во 86. минута.

При водство од 1-0 за Гостивар, Шкупи постигна гол за 1-1, но беше поништен поради офсајд-позиција. Момент за анализа за судиската комисија, иако се чини дека чаирчани беа оштетени со поништување регуларен погодок. Околу целата ситуација со сопштение излегоа и од клубот од Чаир.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Шкупи:

„Како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела доживуваме различни грешки од судиите. Секоја недела некој ни ги краде поените. Ова не е случајно. Тоа се планирани и програмирани акции насочени кон саботирање на нашиот успех. Инаку, како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела се соочуваме со различни и валкани трикови и се обидуваме сами да се бориме. За жал, видовме дека Шкупи е осамен тим и ова им дава можности на сите.
Дали тимот може да губи поени на секој натпревар поради судиски грешки или надворешни фактори? За жал тоа се случува на нашите натпревари. Ниту политичарите кои тврдат дека се за Шкупи, ниту оние кои раководат со фудбалот не покажуваат никаква реакција на оваа ситуација, на овие отворени, свесни и намерни напади и валкани постапки, додека ние чекориме сами по овој пат. Овој театар, оваа валкана игра е толку здодевна. И да сме сами, оваа борба ќе ја водиме до крај, не е важно против кого е. Ќе се бориме за работата на нашите фудбалери, за нашата работа, за фудбалот, за Шкупи. Сега се е јасно, јасно е што сите сакаат да прават. СЕГА ЗНАЕМЕ СЕ, СВЕСНИ СМЕ ЗА СЕ И СЕ ИМАМЕ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО НАШИОТ ТЕФТЕР“, стои во соопштението на Шкупи. 

Се вчитува...