ФК Шкупи: Срам да ви е за ваква победа и на ваков начин освојување на првенството!

Македонскиот прволигаш Шкупи јавно реагираше за додудениот пенал на Струга ТЛ во деветтата минута од судиското продолжение при денешниот триумф (1-0) против Воска. Клубот од Чаир реагира за судењето на Игор Стојчевски и тврди дека срам за македонскиот фудбал.

„Срам да ви е за ваква победа и вака освоени првенства. Ваквата победа е срамна за победничкиот тим. Ако тимот на Воска испадне од лигата со овој изгубен бод, ако ја изгубиме титулата, а причината бидат бодови освоени на овој начин, кој ќе биде одговорен?

Овој судија е срам и ги срами судиите во македонскиот фудбал. Поради таквиот судија, угледот на државата и фудбалот е нарушен и останува под сомнеж. Полицијата треба да го истражи овој судија, но и македонското обвинителство, а полицијата сега треба да ја преземе контролата врз фудбалот.

Односите на овој судија, со кого се сретнал пред мечот и зошто судијата беше сменет пред мечот, тоа треба да биде сфера на интерес на полицијата. Зошто мечот беше продолжен за 10 минути?

Зошто беше досуден пенал во последен момент? Тој го направи повторно денес она што го направи на нашиот натпревар минатата сезона. Треба да се преиспитаат одлуките на овој судија на натпреварите на Струга ТЛ.

Овие одлуки се срамни и надлежните институции треба тоа да го истражат. На таков човек не треба да му се дозволи да ја извршува должноста судија. Ги повикуваме надлежните институции да ги разгледаат овие прашања“, стои во соопштението на ФК Шкупи.

Се вчитува...