Кратовски Силекс официјално објави дека е продолжен договорот за соработка со актуелниот шеф на стручниот штаб Александар Васоски.
Васоски ќе го води тимот и во европските настапи во Конференциската лига на УЕФА, откако Силекс го освои Купот на Македонија оваа сезона.
„ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи!“ – информираа од Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
