ФК СКОПЈЕ: Скандалозно судење на Автокоманда

Фудбалскиот клуб Скопје со реакција околу судењето на вчерашниот меч Скопје – Шкупи. Од тимот од Автокоманда издвојуваат три грешки на судијата Крумислав Ѓоргиев, и бараат од ФФМ да превземе мерки за ваквото судење.

„После вчерашното скандалозно судење на судијата Крумислав Ѓоргиев и неговите помошници, ФК Скопје одлучи да излезе со соопштение со кое ќе ја запознае фудбалската јавност со сите неправилности и криминалното судење на натпреварот Скопје – Шкупи.

  1. Во 7. минута од натпреварот пред постигнувањето на водечкиот гол на ФК Шкупи, очигледно е дека играчот со број 19, Сандеј игра со рака
  2. Во 76. минута играчот на Скопје заработува директен црвен картон. За таа ситуација претходеше удар со нога во глава врз Најдоски од страна на играчот со број 9 на ФК Шкупи, Марко Ѓорѓиевски
  3. Како врв на кражбата на судијата Ѓоргиев е досудениот пенал за ФК Шкупи во 94. минута. Судијата Ѓоргиев, прекршок направен на 18. метри го карактеризира со удар од белата точка

ФК Скопје ја повикува судиската организација при ФФМ да превземе соодветни мерки за ова криминално, скандалозно и тендециозно судење на Ѓоргиев на овој натпревар. Со правилно дејстввување апелираме да се спречат вакви кражби и неправилности на фудбалските терени.

Без разлика на неправдите, ФК Скопје ќе продолжи спортски и фер да се бори за резултати на спортските терени“, се вели во соопштението на ФК Скопје.

Се вчитува...