Фудбалскиот прволигаш Скопје испрати соопштение до јавноста со кое реагира за неколку спорни одлуки на последните два натпревари од Првата лига, против Победа и против Работнички.
Веднаш по завршувањето на вчерашниот натпревар против ФК Работнички, во кој нашиот клуб загуби со 0-1 со нерегуларен гол, управниот одбор одржа состанок на кој беа анализирани последните два натпревари од ПМФЛ. По гледањето на снимките од натпреварите, Управниот одбор констатира низа недоследности и судиски грешки кон нашиот клуб.
Како најочигледни грешки и на двата натпревара е различниот аршин при доделување на картоните. Очигледни прекршоци кои не се санкционирани и одлуки кои директно влијаат врз резултатот. Според судиски експерти кои ги консултиравме околу спортните моменти, сите се согласни дека се очигледно на штета на нашиот клуб ФК Скопје, а како најдрастични примери се:
-78 минута на натпреварот против ФК Победа при резултат 0-1 за нашиот клуб, судијата Ецкоски дозволи да се игра речиси 1 минута додека нашиот голман лежеше повреден и нашиот гол остана празен. Играта беше прекината после 3 неуспешни обиди на фудбалерите на ФК Победа да постигнат гол.
-78 минута на натпреварот ФК Скопје – ФК Работнички – Судијата Гоцевски досуди крајно спорен пенал при еден контакт во нашиот казнен простор. Веднаш по промашувањето на Стјепановиќ, го призна голот на Велинов иако овој влезе три метри порано во нашиот казнен простор. И во двата случаи правилата се јасни, во првиот не може да продолжи играта, ако голманот лежи заради повреда (веднаш се прекинува играта), и во вториот случај ако играчот предвреме влезе во казнениот простор пред изведување на пеналот и истиот постигне гол истиот се поништува и се доделува топка на противникот.
Зошто и во двата случаи не се почитуваат правилата, одговор треба да дадат судиите, контролорите и луѓето од судиската организација.
Во прилог на наведеното е и тоа што по одиграни 27 кола, ниту еден клуб се нема пожалено на делењето на правдата на натпреварите против ФК Скопје. Во овој момент ФК Скопје, бара фер и коректно делење на фудбалската правда и исти третман како и сите останати клубови од ПМФЛ.
Со почит, ФК Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА