ФК Тракаи: Вардар може да се соочи со сериозни казни од ФИФА!

По целокупниот случај околу најавеното најголемо засилување на Вардар во летниот преоден рок, 21-годишниот Русин Максим Максимов, повторно со реакција се огласија од литванскиот Тракаи кои нагласуваат дека веќе се активирани постапки против Вардар во ФИФА по кои македонскиот шампион може да се соочи со сериозни казни, и забрана за трансфери во следни два преодни рока…

„Максимов не може да биде фудбалер на Вардар затоа што никогаш немало официјален трансфер, уште повеќе затоа што и никогаш немало преговори меѓу двата клуба за можен трансфер“ – велат од ФК Тракаи.

Од литванскиот клуб, преку својот официјален сјат, потенцираат дека Вардар не може да активирал откупна клаузула, како што тврди, затоа што таква не постои во договорот меѓу Максимов и Тракаи.

„Сакаме да потенцираме дека договорот не содржи услови за можен откуп на играч, преку активирање на некакви клаузули, што значи ниту Вардар ниту кој било друг клуб има право да го добие Максимов без дозвола од Тракаи. Вардар си го најави официјално трансферот на Максимов, игнорирајќи го фактот дека веќе има валиден договор со Тракаи. Затоа, нагласуваме дека таквиот чин на Вардар ги крши правилата на ФИФА за статус и трансфер на фудбалери“ – истакнуваат од ФК Тракаи, притоа дополнувајќи:

„Ако Максимов не се врати во Тракаи во следните неколку денови, тоа ќе значи раскинување на договорот на штета на фудбалер. Па во тој случај, многу сериозни казни ќе бидат наметнати не само за фудбалерот, но и за ФК Вардар како клуб. Според регулативата на ФИФА, Вардар може да добие и забрана за регистрација на нови фудбалери за два трансферни периоди. Не сме сигурни дали од Вардар дали навистина ја разбираат сериозноста на ситуацијата, но не е предозна да се реши случајот на цивилизиран начин“.

Се вчитува...