Новиот шампион на Македонија, Вардар полека го составува костурот на тимот за следната сезона, откако денеска официјално беше потпишана нова соработка со четворица стандардни фудбалери.
Верноста кон „црвено-црните“ за уште една година ја продолжија голманот Методија Велковски, дефанзивецот Ненад Мишковски, како и играчите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ.
Во следниот период Вардар ќе донесе и две странски засилувања како што подобро би се претставиле во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
