ФК Вардар: Има голем интерес за Азер Омерагиќ од Кипар, Словачка, МЛС…

Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со македонските медиуми зборувајќи, меѓу другото, и за престојниот летен преоден рок истакна дека има голем интерес од клубови за капитенот на тимот Азер Омерагиќ.

„Има голем интерес за ангажман на Азер Омерагиќ со првични контакти до нас до клубот, од клубови Кипар, МЛС во САД, Словачка, Уругвај, но засега нема официјална понуда на клупска адреса, и затоа не може да зборуваме што би било“ – истакна Неделковски.

Како што е познато, претходно интерес за еден од најдобрите стрелци во македонското првенство истакна и Сараево од БиХ.

Се вчитува...