ФК Вардар: Кој од судиите ја донесе одлуката дека голот е регуларен?

Дербито меѓу Вардар и Шкендија донесе спорен момент во самиот финиш од првото полувреме. Изаир Емини шутираше со глава, Гачевски одбрани во прв момент, а топката се тркалаше околу гол – линијата. Дали со целкиот обем беше во голот?

ФК Вардар на својата официјална фејсбук страница, прашува кој од судиите ја донесе одлуката дека погодокот на Емини е регуларен…

„Сомнителниот гол на Шкендија во дуелот со Вардар. Погледнете како едниот судија (дополнителниот асистент зад гол линијата) не гледа во голот, а другиот, пак, прв помошник го нема на местото каде што треба да биде. Го нема ниту главниот судија на местото на настанот. Кој ја донесе одлуката дека голот е регуларен?“, велат од Вардар.

Се вчитува...