Флечер: Му се смеевме на Роналдо, а тој правеше се за да стане најдобар во светот

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, откри детали од тренинзите на „црвените ѓаволи“ и максималната посветеност што отсекогаш ја покажувал Кристијано Роналдо.

„Од првиот ден кога стигна овде тој стави до знаење дека сака да стане најдобар во светот. Сите бевме импресионирани, но со текот на времето некои работи што ги правеше делуваа смешно. На тренинзи знаеше да се појави со тегови околу зглобовите за да биде уште побрз. Ние само му се смеевме, но не му беше гајле, работеше напорно кон својата цел и на крајот му се исплатеше, целиот целиот фудбалски свет и ден денеска му се поклонува“ – изјави Флечер.

Шкотскиот интернационалец го даде своето мислење и за Пол Погба, кое е далеку под она за Кристијано.

„Погба е исклучителен талент, играч што може да го реши секој меч, но исто така е и многу неодговорен на теренот. Знае да загуби топка што потоа ќе значи примен гол, затоа мое мислење е дека никако не смее да биде класичен плејмејкер, туку треба да се користи што поблиску до противничкиот гол“ – истакна Дарен Флечер.

Се вчитува...