Фленсбург го најде лекот за ПСЖ, Веспрем се прошета низ Загреб

Само неколку дена по убедливата победа над Киелце, ракометарите на ПСЖ потфрлија во рамките од Лигата на Шампионите и сосема заслужено претрпеа пораз на гостувањето против Фленсбург (28-27). Клучно се покажа првото полувреме во кое Германците доминираа, Раул Гонзалес немаше одговор ниту во нападот, ниту во одбраната, па на одмор се замина со водство на Фленсбург од 19-11.

„Светците“ успеаја да се вратат, откако од 22-14 со серија од 1-7 дојдоа на само два гола негатива (23-21), но немаа сили за целосен пресврт. Фленсбург го издржа последниот налет, па Ремили со гол во последната минута ги постави конечните 28-27. Ване со осум и Готфридсон со седум гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека Хансен со седум гола ги предводеше стрелците во таборот на ПСЖ.

Веспрем рутински ја одработе задачата на гостувањето против Загреб, на кое унгарскиот првак славеше со убедливи 28-35. Унгарците победникот го решија уште во првото полувреме што го добија со 11-17, по што лесно го исконтролираа мечот во второто полувреме се до конечните „плус седум“. Дејан Манасков постигна еден гол од два обиди кон голот на Загреб, а најефикасни кај Веспрем беа Нилсон и Мае со по шест погодоци.

Се вчитува...