Фленсбург ќе се спасува со „екс-вардарец“ од пивотменската криза

Фленсбург ќе ангажира поранешен ракометар на Вардар во обид да ја реши кризата со пивотменската позиција по повредите на Јоханес Гола и на Јакоб Хајнл. Сергеј Горпишин беше на двонеделна проба во германскиот прволигаш, но не ги оправда очекувањата на стручниот штаб, за на крајот Фленсбург да се реши на ангажман на Доменик Сикошек Пелко.

Словенецот мина една година во Вардар во која беше далеку од посакуваното ниво и голем дел од средбите ги мина на клупата за резерви, по што беше меѓу првите кои го напуштија таборот на „црвено-црните“ во текот на летово. Тој се пресели во шпанскиот прволигаш Логроњо, но оттаму дале зелено светло за Сикошек експресно да си замине и да се пресели во Германија.

Тој денеска треба да ги мине деталните лекарски прегледи, по што ќе потпише договор на една година со Фленсбург. Сикошек Пелко ќе настапува како позајмен играч за бундеслигашот, по што следното лето ќе се врати назад во Логроњо.

Се вчитува...