Фленсбург потклекна пред Кил

Фленсбург остана без трофејот во Купот на Германија откако тимот на Љубомир Врањеш во денешното финале капитулираше пред Кил, губејќи со убедливи 29-23. Ракометарите на Фленсбург, кои му стојат на патот на Вардар до Ф4 во лигата на шампионите, во вчерашното полуфинале го декласираа Некар Левен, но не успеаја да ја повторат играта и на денешниот дуел со Кил.

Првото полувреме од финалето мина во израмнета битка, Кил водеше со минимални 13-12, за „зебрите“ потоа во вториот дел експресно да ја зголемат предноста и до самиот крај лесно да го контролираат резултатот. Најзаслужен за новиот пехар во витрините на Кил е Никлас Ландин, кој со бројни фантастични интервенции ги оневозможи ракометарите на Фленсбург во последните петнаесет минути да се вратат во натпреварот.

Во фазата на нападот, Дувњак со седум и Екберг со шест гола беа најефикасни кај Кил, додека први стрелци на Фленсбург при поразот од големиот ривал беа Лауге и Гландорф со по четири погодоци.

Се вчитува...