Фленсбург во криза пред двомечот со Вардар

Тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш, има проблеми да ја одржи формата на својот тим во финишот од сезоната. Откако минатиот викенд Фленсбург остана трофејот во Купот на Германија, следниот ривал на Вардар во ЛШ одигра разочарувачки меч и во Бундес-лигата, губејќи од Фуксе Берлин со 34-32.

Иако ова беше многу значаен испит за избраниците на Врањеш, тие потфрлија во клучните моменти и претрпеа пораз, кој воедно значи и препуштање на првото место на бундеслигашката табела на актуелниот првак Некар Левен. Сван постигна осум, а Гландорф пет погодоци за тимот на Фленсбург, кој во најлош момент бележи сериозен пад во формата.

Тренерот Врањеш нема многу време за да го врати својот тим на победнички патеки, бидејќи веќе наредниот викенд Фленсбург го пречекува Вардар во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Се вчитува...