Флик: Атлетико Мадрид ја има најдобрата одбрана во Европа

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, вели дека неговиот тим го очекува одличен натпревар против Атлетико Мадрид на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Тој вели дека тимот од главниот град на Шпанија во моментов ја има најдобрата одбрана во цела Европа.

„Атлетико Мадрид ја има најдобрата одбрана во Европа. Откако Диего Симеоне е на клупата на тимот тој не направи ниту една грешка. Игра неверојатен фудбал и цело време е во врвот на Шпанија и Европа. Атлетико е неверојатен тим, со најдобра одбрана во ова натпреварување“, изјави Флик. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен е закажан за 21 часот.

Се вчитува...