Барселона има одличен старт на сезоната, денеска ја оствари четвртата победа во четвртиот меч во Ла Лига, но тренерот Ханси Флик, и покрај тоа има замерки за своите играчи.
Барселона со убедливи 5:0 славеше на гостување кај Валенсија, но Флик на прес-конференцијата по мечот ги изненади новинарите.
“Не знам дали е потребно да продолжиме со нападите кога водиме со 5:0. Можеби треба малку повеќе да го контролираме натпреварот. Пред нас е цела сезона, не чекаат многу натпревари и мораме да научиме да ја чуваме енергијата кога такво нешто е возможно“, изјави Флик.
Германецот, сепак, имаше и пофални зборови за своите играчи.
„Ова беше фантастичен натпревар кој го контролиравме од самиот почеток и токму тоа сакам да го видам од мојот тим. Меѓутоа, ова не беше совршен натпревар, секогаш постојат работи кои можеме да ги подобрим“, додаде Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
