Флик: Мораме да донесеме напаѓач, се ќе зависи од Торес

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во понеделникот разговараше со медиумите по завршувањето на подготовките на тимот во Англија. Германскиот стратег го оцени престојот во тренинг-кампот „Сент Џорџс Парк“, но зборуваше и за состојбата во екипата и плановите на клубот пред новата сезона 2026/27.

Една од главните теми беше потенцијалното ангажирање на нов напаѓач. Флик призна дека ситуацијата не е едноставна и дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори.

„Имам голема доверба во Деко и свесни сме дека мора да реагираме, но сè зависи и од Феран. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Флик.

Германскиот тренер откри дека Барселона има и алтернативни решенија доколку не се реализира трансфер на класичен напаѓач. Една од опциите е игра со „лажна деветка“, улога која би можел да ја преземе Ламин Јамал.

„Ламин е играч од светска класа и може да игра на таа позиција. И Гордон и Адејеми можат да ја покријат таа улога, покрај нивните природни позиции на крилата“, додаде Флик.

Се вчитува...