Флик: Не чека тешко финале, во ПСЖ се живее за тој меч

Баерн Минхен ќе игра против ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите откако во полуфиналната пресметка, казнувајќи ги сите грешки на Лион, славеше против Французите со 3-0.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Лион е екипа која ги елиминираше Сити и Јувентус, тактички одличен тим кој ни создаде многу проблеми во раната фаза од мечот. Бевме свесни дека ќе мора да бидеме агресивни, и успеавме да наметнеме наша игра“ – вели тренерот на Баерн, Ханси Флик.

Сега Германците ги чека дуелот со ПСЖ за европската титула.

„ПСЖ долго чекаше да дојде до финале и сигурно сега посебно мотивирани ќе го чекаат натпреварот. Ќе ги анализираме, но секако знам дека имаат брзи играчи кои силно продираат кон противничкиот гол. Ќе се обидеме да ја организираме нашата одбрана, но и натаму сметам дека нашата најголема сила е кога создаваме ние притисок на противничката одбрана“ – истакнува Флик.

Се вчитува...