Флик: Не ги обвинувајте играчите, ова беше мој пораз

Ханси Флик застана во одбрана на своите фудбалери откако германските медиуми жестоко го нападнаа Баерн за очајното издание и заслужениот пораз на гостувањето против Хофенхајм (4-1). Домаќините можеа да постигнат најмалку уште два-три гола доколку Нојер не беше расположен на голот на баварскиот гигант, но Флик реши самиот да ја преземе одговорноста за поразот.

„Противникот многу лесно креираше шанси, додека ние не бевме ефикасни во нападот како досега. Не можам да ги обвинувам фудбалерите, направија се што можеа. Ова е мој пораз. Секако, честитки до Хофенхајм и до тренерот Себастијан Хенес за извонредното издание“, изјави Флик.

Ова беше прв пораз на Баерн Минхен по нецели десет месеци, откако претходниот неуспех на баварскиот гигант беше на 7 декември 2019 година, на дуелот со Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...