Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше многу интересна изјава на прес-конференцијата пред дуелот со Олимпијакос во Лигата на шампионите. Флик рече дека не би сакал неговите внуци еден ден да видат како се однесувал на мечот против Џирона во саботата.
Флик првпат доби жолт картон во саботата затоа што саркастично му аплаудираше на четвртиот судија кој посочи дека натпреварот ќе биде продолжен само за четири минути, а веднаш потоа доби и црвен. Сепак, по постигнувањето на голот на Араухо за победа тој невкусно реагираше кон судиите на мечот.
„Не сакам да се гледам во таква состојба на телевизија и не сакам моите внуци да го гледаат нивниот дедо како се однесува така. Изгледа дека ќе морам да го сменам моето однесување“, беше искрен Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

