Флик: Нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе

Лигата на Шампионите се враќа во етерот денеска со суперинтересен дуел во Париз каде Баерн Минхен ќе се обиде да ја анулира негативата од 3-2 стекната во првиот натпревар против ПСЖ и повторно да се најде во полуфиналето од најсилното фудбалско натпреварување.

Тренерот на баварците, Ханси Флик на конференцијата за медиумите пред реван[ средбата говореше за повратниците во составот, како и за првиот натпревар одигран во Германија.

„Лукас Хернандез и Леон Горецка тренираа, се изгледа добро и кога се во прашање Џером Боатенг и Кингсли Коман. Претпоставувам дека ќе ни бидат на располагање сите играчи кои допатуваа со нас. На првиот натпревар имавме бројни шанси, но не бевме ефикасни. Мораме многу подобро од тоа. Јасно е дека не очекува тешок натпревар, но ќе дадеме се од себе. Знаеме дека мораме да дадеме најмалку два гола. Тоа е тешка задача, но фудбалот се игра за вакви натпревари. Сакаме во Париз да приредиме изненадување и ќе бидеме многу среќни доколку го оствариме“, изјави германскиот стратег.

На вечерниот натпревар кој е со почеток од 21 часот, Флик повторно нема да може да смета на услугите на својот најдобар напаѓач, Роберт Левандовски, како и на германските репрезентативци Серж Гнабри и Никлас Зуле.

Се вчитува...