Новиот селектор на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, потврди дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, и понатаму ќе продолжи да ја носи капитенската лента кај „панцирите“. Тој јасно и децидно потврди дека фудбалерот на „баварците“ ќе продолжи да биде главниот предводник на Германија.
Флик упати само комплименти до легендарниот голман, потенцирајќи дека станува збор за еден од најдобрите фудбалери на таа позиција.
„Да, Нојер ќе остане капитен на Германија! Мануел за мене е играч од светска класа и човек кој може да го води тимот“, изјави Флик кој ќе дебитира на клупата в четврток на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА