Флик: ПСЖ игра како Барселона, тоа ни одговара

Стратегот на Баерн Минхен, Ханси Флик, е оптимист пред утрешното големо финале против ПСЖ. Баварскиот гигант се соочи со големи проблеми во полуфиналната пресметка со Лион, но Флик смета дека ПСЖ како ривал многу повеќе му одговара на Баерн.

„Лион ни создаде проблеми, но тоа е тим што игра специфичен фудбал. ПСЖ е состав што со стилот е многу сличен на Барселона, тоа е нешто што ни одговара“, истакна Флик на денешната прес-конференција.

Тој е свесен дека задачата нема да биде нималку лесна, но верува дека неговиот тим ќе успее да го добие и овој противник.

„Ќе треба да одиграме пресинг со силно темпо, да го исфрлиме од ритам противникот. Нормално дека нема да е лесно, тие имаат одлични играчи и ќе мора да им ги затвориме линиите за додавања бидејќи можат да бидат многу опасни. Сепак, нема од што да се плашиме, во овие десет месеци секогаш игравме најдобро кога беше најважно, тоа ќе биде случај и во ова финале“, оптимист е тренерот на Баерн.

Се вчитува...