Флик со комплименти до „црвено-жолтите“: Видовме што значи фудбалот, Македонија покажа неверојатно храбра игра

Ханс Флик, слекторот на фудбалската репрезентација на Германија не штедеше комплименти за Македонија. Тој даде свој коментар за натпреварот во Палермо помеѓу Италија и Македонија кој заврши со неочекувана победа на нашата репрезентација.

Флик истакна дека го гледал натпреварот на „Ренцо Барбера“, па упати само пофалби за храбрата Македонија за која истакна дека натпреварот го одиграла со голема пасија.

„Овој натпревар покажа што значи фудбалот. Македонија играше со огромна страст, покажа неверојатна храброст, а на крајот имаше и малку среќа. Драго ми е што Германија се квалификувавше на Светското првенство порано. Малку ми е жал за Италија, но таков е фудбалот, секогаш најважни се перформансите на зелениот терен“, заклучи селекторот на репрезентацијата на Германија.

Досега деветнаесет репрезентации обезбедија пласман на Светското првенство. Остануваат уште тринаесет празни места, кои ќе се пополнат во наредниот период.

Се вчитува...