Флик урна рекорд на Јохан Кројф

Ханси Флик испиша историја со Барселона по убедливата победа од 5-0 над Валенсија на „Местаља“. Германскиот стручњак постави нов клупски рекорд, откако помина 60 кола на чело на табелата во Ла Лига со каталонскиот гигант.

Со тоа, Флик го надмина рекордот што претходно го држеше еден од најголемите тренери во историјата на Барселона и на светскиот фудбал, Јохан Кројф. За време на својот мандат, Холанѓанецот ја водеше Барселона до првото место на табелата во 59 првенствени кола.

Посебна тежина на достигнувањето на Флик му дава фактот што Кројф помина дури осум сезони на клупата на Барселона, додека за 61-годишниот германски тренер ова е трета сезона во каталонскиот клуб.

Флик пристигна на клупата на Барселона по ангажманот во Баерн Минхен и оттогаш успеа да остави длабока трага во историјата на клубот.

Се вчитува...