Флојд Мејведер доживотно финансиски ќе го помага семејството на убиениот Џорџ Флојд

Во САД продолжува да владее хаосот по убиството на Џорџ Флојд од страна на полициски службеници. Случајот ја раздрма Америка, ширум САД активирајќи се бројни протести.

И многу јавни личности застанаа на страната на Џорџ барајќи правда за него. Чекор подалеку отиде поранешниот американски боксер Флојд Мејведер кој го контактираше семејството на убиениот. Мејведер понудил да ги покрие сите трошоци на семејството за погребот, но и во иднина постојано финансиски да помага на семејството.

Сето ова го потврди и неговата компанија „Мејведер промоции“, истакнувајќи дека е подготвен до крајот на својот живот финансиски да го помага семејството на Џорџ Флојд.

Се вчитува...