Флојд Мејведер се враќа од пензија, нов мултимилионски меч со Учијама

Флојд Мејведер, еден од најдобрите боксери во историјата, би можел да се врати од пензија и да боксува во нов мултимилионски спектакл. Тој замина во пензија во 2017 година, а се подготвува негов камбек и вкрстување на ракавиците со уште еден поранешен светски првак, Такаши Учијама.

Мејведер во 2018 година одработи егзибициски меч против кикбоксерот Теншин Нусакава и инкасираше 10 милиони евра. Тој во првата рунда брутално го нокаутираше јапонскиот кикбоксер за само две минути во рингот. Американецот, кој е поранешен првак во пет тежински категории (суперлесна, лесна, полувелтер, велтер и полусредна), би требало да се најде во рингот против 40-годишниот некогашен првак во полулесна категорија.

Борбата ја договара јапонската организација за мешани боречки вештини (РИЗИН) што го потврди и промотерот Нобујуки Сакакибара. И оваа борба ќе биде егзибициска.

 

 

Се вчитува...